-->
-->
ОЈО поднесе обвинение против едно лице за кражба на мобилен телефон
-->
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог за кражба против едно лице, кое се товари дека на 15 октомври годинава на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“, одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари од една оштетена.
– Обвинетиот ја забележал оштетената која се упатила кон еден автобус и во тој момент од џебот на јакната и го одзел мобилниот телефон, но веднаш бил забележан од полициски службеници кои го лишиле од слобода, информираат од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство.
Лицето се товар за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тензично пред и внатре во албанскиот парламент
-
Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд
-
Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
-
Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада