ОЈО: Обвинение против 38-годишен скопјанец за извршени две разбојништва во аптеки
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за две разбојништва со нож во аптеки на 10 и 16 септември годинава во Скопје.
Обвинетиот, како што инфирмираат од ОЈО, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата од каде одзел 4.430 денари и побегнал.
– На 14 септември, пак, на истиот начин, одзел 16.150 денари од аптека на булеварот „Св. Климент Охридски“. Потоа се обидел да го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Обвинетиот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал, стои во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото кое му се става на товар
Лицето се товари дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо