ОЈО ја прошири истрагата за екс генералниот секретар на Владата
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ја прошири истрагата за поранешниот ген сек на Владата Мухамед Зекири. Од Обвинителството велат дека станува збор за нова истрага за уште едно кривично правен настан.
- Владата преку тогашниот ген сек склучила договор за консултантски услуги за реорганизација на Железници со правно лице без да се испочитуваат законските процедури за склучување на вакви договори, информираат од ОЈО.
Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на ген сек на Владата без да спроведе јавна набавка склучил договор за консултантски услуги со фирма чиј што договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра износ што бил договорен за консултантските услуги.
На 9 април годинава на Мухамед Зекири му беше одредена мерка притвор, а поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.
Ново на Сител
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока