-->
-->
ОЈО издаде наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации
-->
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е издадена наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации, по добиено известување од МВР дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.
– Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени. Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување, информираат од Јавното обвинителствот на Република Македонија.
Од ЈОРМ информираат дека проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руската ПВО ноќеска соборила 28 украински беспилотни летала
-
124 санкционирани возачи во Скопје
-
На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата
-
Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност
-
Руски напади во западните региони на Украина
-
Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба
-
Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер
-
За викендот сончево и топло