ОЈО Гостивар отвори истрага против две лица за пронајдена марихуана
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
– Двајцата гостиварци на возраст од по 33 години на 31.12.2021 година, со автомобил се движеле на автопатот Тетово-Гостивар. На наплатната рампа, овластени полициски службеници го сопреле автомобилот и во него пронашле 22,94 грама марихуана, наменета за натамошна продажба. Дрогата ја одзеле, а лицата ги лишиле од слобода, се вели во соопштението од ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за еден од осомничените, бидејќи постои основ да се верува дека би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.
Другиот осомничен се наоѓа на издржување затворска казна, а во моментот на сторување на делото бил на викенд отсуство.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
-
Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
-
Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд