Охриѓани се хумани
Охриѓани се хумани, а кај голем дел од нив е развиен волонтерскиот дух. На различна возраст тие се инволвирани во сите сегменти на делување а радува податокот дека расте бројот и на младите кои се подготвени безрезервно да им помогнат на оние на кои што тоа им е неопходно.
Oхриѓанецот Сашо Топалоски кој досега има остварено 50 дарувања на крв ги охрабрува сите, да почната да даруваат драгоцена тешност, потенцирајќи ја хуманата димензија на крводарителството.
Од Црвениот крст од Охрид посочуваат дека волонтерите од сите генерации, од најмладите до највозрасните, кои во духот на хуманоста обезбедуваат поддршка за спроведување на бројни активности се најблагородното и најчистото нешто во заедницата коишто без никаков надоместок за себе, своето време, труд и знаење ги посветуваат на оние на кои им е потребна помош.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
