„Охридски комуналец“ со четири нови возила за собирање цврст отпад
Охридското Јавно претпријатие „Охридски комуналец“ денеска ги промовираше новите возила за собирање и транспорт на цврст отпад, инвестиција вредна 18 милиони денари, реализирана со средства обезбедени во соработка со Министерството за финансии и Светска банка.
Станува збор за четири специјализирани возила за урбана хигиена, од кои едно со капацитет од 16 метри кубни, едно од девет, две возила од по три метри кубни, како и хидростатична правосмукалка за собирање лисја и помал отпад од градските улици.
Градоначалникот Никола Бакрачески изрази уверување дека со новата опрема ЈП „Охридски комуналец“ ќе ги зголеми капацитетите, како и перформансите и квалитетот на услугите кон граѓаните.
- На општо задоволство на граѓаните и на локалната самоуправа Охрид исцртува посебно поглавје во делот на одржувањето на јавната чистота и хигиената во градот и се надевам дека ваквиот тренд на обновување на возниот парк на „Охридско комуналец“ ќе продолжи и во иднина, истакна тој.
Директорката на „Охридски комуналец“ Елена Скрческа појасни дека новите возила ја подобруваат вредноста на материјалните средства за работа на претпријатието, но и старосната структура на механизацијата.
- Со овие возила се надминувваат проблемите од минатото, кога честите дефекти на механизацијата резултираа со неефикасност во извршувањето на услугите и задоцнувања во динамиката на собирање на отпадот, нагласи таа.
Ова е првпат после период од 17 години охридското комунално претпријатие да добие нова опрема за собирање и транспорт на цврст отпад. Претпријатеито изминатите години поради застарена опрема се соочуваше со високи трошоци за гориво и недостиг на резервни делови.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис