Охрид: Тројца малолетници претепале врсник со метална шипка

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид,.
Кривичното дело „насилство“, пријавените малолетници го сториле на 31.07.2015 година околу 23,30 часот на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Тие влегле во двор од семејна куќа и со метална палка на расклопување нападнале друго малолетно лице кое во дворот било со уште неколку малолетници.
На истиот му задале повеќе удари по телото со што му нанеле телесн повреди и ја загрозиле неговата сигурност.
Истовремено, вршејќи грубо насилство, пријавените малолетници на возраст од 15 и 16 година,сите од Охрид, предизвикале загрозување, страв и несигурност и кај останатите малолетници кои биле во дворот од куќата.
Металната палка што ја имале, подоцна ја закопале во земја на нивата сопственост на родителот на еден од пријавените.По консултација со јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи, СВР Охрид ги повика малолетните лица и во присуство на нивните родители изврши разговор во врска со кривичното дело.
Употребената метална палка е пронајдена и одземена.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
