Охрид преполн со туристи за продолжениот Велигденски викенд
Полни кафулиња и ресторани, радвиженост низ чаршијата и кејот. Ваква е сликата на продолжениот празничен викенд во најголемиот туристички центар во земјава, Охрид.
Туристите од соседството најбројни на брегот на Охридското Езеро, но не изостануваат ниту домашните гости. Со намалување на КОВИД мерките интересот за уживање на охридско-струшката ривиера е зголемен. Полека, но сигурно се враќа сјајот од годините пред пандемијата.
![]()
– Охрид се повеќе наликува на годините пред пандемијата, раздвижен, полни ресторани и кафулиња, а по повеќе од две години може да се видат и задоволните и исполнети лица без маски, забележуваат охриѓани.
Но, прв пат годинава, за Велигден, дуќаните во охридската и струшката чаршија ќе останат затворени, поради новото законско решение за недела да е неработен ден.
Сместувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера се исполнети 40 до 50 отсто, претежно странски гости, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Поголема е исполнетоста кај помалите хотели и приватните станоиздавачи, но дел од гостите се сместени и во сопствени викенд станови.
![]()
Од организираните гости, за Велигден, во хотелите на ривиерата, според Блажески, најбројни се бугарите и грците, а неизостануваат и индивидуалните посети на туристи од Србија и Албанија.
Велигденските и претстојните Првомајски празници, како и Рамазан Бајрам ќе го вратат сјајот на ривиерата и ќе влеат надеж, за успешна туристичка сезона.
Ново на Сител
-

Скандал во Штип, малолетни девојчиња жртви на злоставување од професор
-

Работните групи го кројат новиот изборен законик без СДСМ
-

Нови партиски обвинувања за бугарофилството
-

Забрани за казина на 500 метри од училишта и рекламирање, следни се брзите кредити
-

ГОБ 8-ми Септември со реновиран оперативен блок – за пациентите достапен за два месеци
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
