Македонија
20. December 2017 - 16:30

Охрид полн за новогодишните празници

Од денеска па се до 20 јануари сите во Охрид е насловот на манифестацијата која има за цел продолжување на сезоната во главниот туристички центар.

Во пресрет на празниците со концерти, забави за најмладите, театарски претстави, Трки на келнери и Дедо Мразовци, Ден на графитите, фото изложби, промоции на книги и многу други настани ќе се привлекуваат посетителите.

Оваа манифестација креира нова понуда со секојдневни програми на неколку сцени во градот.

Од локалната се надеваат дека оваа манифестација ќе прерасне во традиција која од година во година ќе се надоградува.