Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата ѝ е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство.
Со одлуката се дава можност државата да ги реализира мерките што УНЕСКО со години ги посочува како неопходни за зачувување на статусот на Охридскиот Регион како светско културно и природно наследство.
Препораките на УНЕСКО за Охридскиот Регион (природно и културно наследство) се однесуваат на мерки за зачувување на неговата „исклучителна универзална вредност“, меѓу кои запирање на неконтролираната урбанизација и нелегалната градба, подобро урбанистичко планирање, заштита на природните вредности на Охридското Езеро, подобро управување со регионот, заштита на културното наследство, ограничување на притисокот од туризмот, изготвување целосна стратегија за управување со регионот со јасни цели, рокови, одговорни институции и механизми за следење на резултатите.
УНЕСКО повеќепати во извештаите нагласи дека проблемот е кумулативниот ефект од урбанизацијата, инфраструктурните проекти и недоволната контрола, што може да ја наруши универзалната вредност поради која Охридскиот Регион беше впишан на листата во 1979/1980 година.
Некои од експертите се на став дека впишувањето на Охридскиот Регион на листата светски наследства во опасност е вистинскиот начин што ќе отвори повеќе можности државата, институциите, Градот да добијат помош, искуства и механизми на светската организација во наредните активности за надминување на проблемите, што впрочем и доведоа до сегашната состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
