Охрид го одбележува Светскиот ден на срцето
Општина Охрид и Заводот за кардиоваскуларни заболувања денеска со повеќе активности ќе се вклучат во одбележувањето на Светскиот ден на срцето.
Централниот настан се одржува на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ каде во периодот од 9 до 13 часот во поставениот шатор лекари од Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе вршат основни прегледи на заинтересирани граѓани, со мерење крвен притисок, ЕКГ и совети за правилен живот како превентива од кардио-васкуларни заболувања.
Заводот за кардиоваскуларни заболувања е првата здравствена институција што се вклучи во одбележувањето на овој ден, а трета година по ред активностите ги спроведува во соработка со општина Охрид. Во акцијата активно ќе учествува и градоначалникот Никола Бакрачески, кој како лекар исто така ќе ги прегледува охриѓани.
Светскиот ден на срцето - 29 септември, има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочните удари се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17,3 милиони изгубени животи годишно. Секоја година одбележувањето на овој ден има различно мото што рефлектира клучни прашања и теми поврзани со здравјето на срцето. Годинашното мото е „Создавања на околина за здраво срце“. Пораката е дека местата во кои живееме, работиме, се забавуваме не треба да ги зголемуваат ризиците за кардиоваскуларни заболувања.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала