Македонија
2. August 2019 - 10:08

Охрид ги чествува двата Илиндена

Охрид синоќа го почна чествувањето на 116-годишнината од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

Во Велгошти беше положено цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците и пригодна културно-уметничка програма, а утрово ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Илинденците во градскиот парк во Охрид.

Во 11 часот во село Плаќе предвидено е одржување историски час.