-->
-->
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-->
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска официјално го потврди Охрид како домаќин на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија.
Финалниот турнир е закажан за 31 мај и 1 јуни, а Охрид по пауза од две години повторно ќе биде домаќин на завршницата во Купот.
Во конкуренција за трофејот се бранителот на титулата Алкалоид, Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и домаќинот Охрид.
Првично, завршницата беше планирана за овој викенд, но поради настапот на Алкалоид во финалето од ЕХФ Европскиот куп, РФМ направи измени во календарот и ја помести завршницата во Купот за крајот на мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот