-->
-->
Ограбена трафика на „Партизанска“, вработениот доби бокс
-->

Ноќеска во 02.30 часот во ЕИК Скопје се јавил вработен во трафика на бул.„Партизански Одреди“ и пријавил дека околу 02.10 часот непознат сторител извршил разбојничка кражба.
Додека вработениот стоел пред трафиката, сторителот влегол внатре и од касата зел околу 3.000 денари.
Вработениот се обидел да го спречи, но сторителот го турнал и го удрил со тупаница во пределот на лицето, по што побегнал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
