Македонија
12. November 2016 - 12:25

Ограбена спортска обложувачница во Скопје

Спортска обложувачница на улицата „Тале Христов“ во Скопје синоќа околу 22 часот е ограбена од страна на маскиран и вооружен сторител.

Разбојникот со закана со пиштол одзел околу 200 илјади денари, а од еден од присутните во обложувачницата одзел мобилен телефон, по што избегал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.