-->
-->
Ограбена лабораторија на Фармацевтскиот факултет во Скопје
-->
Украдени се опрема и предмети во вредност од 300.000 денари во тешка кражба во лабораторија на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од факултетот вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19 часот на 20.-ти месецов до седум часот изутрината на 20-ти непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот со тврд предмет го скршил прозорецот, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари, наведува МВР во редовниот дневен Билтен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ
-
Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата
-
Во Турција градоначалникот и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени
-
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи