Македонија
23. March 2018 - 13:29

Ограбена лабораторија на Фармацевтскиот факултет во Скопје

Украдени се опрема и предмети во вредност од 300.000 денари во тешка кражба во лабораторија на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од факултетот вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19  часот на 20.-ти месецов до  седум часот изутрината на 20-ти непознат сторител извршил тешка кражба.  Крадецот со тврд предмет го скршил прозорецот, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин  се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари, наведува МВР во редовниот дневен Билтен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.