Македонија
30. January 2016 - 13:14

Ограбен Ирачанец на железничка станица во Демир Капија

На железничката станица во Демир Капија синоќа е нападнат и ограбен 26-годишен државјанин на Ирак од неколку непознати лица кои му одзеле еден мобилен телефон и 50 евра.

Инцидентот се случил околу 23:10 часот кога разбојниците физички со тупаници и клоци го нападнале К.Ф. додека спиел. 

Полицијата денеска информира дека во присуство на родител извршен е разговор со едно лице на возраст од 16 години за кое постои сомневање дека е инволвирано во настанот. Се работи на утврдување на евентуално други лица.

По целосното расчистување и документирање на настанот полицијата најавува соодветна пријава.