Македонија
8. December 2017 - 13:15

Ограбен беровчанец, двајца маскирани го нападнале и побегнале

Синоќа во 22,25 часот во ПС-Берово, М.В. (61) пријавил дека истиот ден движејќи се кон својот дом бил пресретнат од страна на две непознати маскирани лица, кои му одземале кожна ташничка во која имало околу 7.100 денари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.