Оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство понудени се вкупно 4.750 хектари во 30 општини, а увид во податоците за секоја површина може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство и во подрачната единица, надлежна за соодветната огласена површина.
Максималната површина за која може да аплицира еден понудувач е 3 хектари. Закупот е во траење од 15 до 70 години во зависност од активноста и од земјоделската култура која ќе се одгледува.
Право на учество имаа домашни и странски, правни и физички лица кои немаат склучен договор за закуп за државно земјиште со Mинистерството за земјоделство.
Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.
Критериуми врз основа на кои ќе се избира најповолен понудувач се оддалеченоста на местото на живеење, понудена годишна закупнина по хектар и правниот статус на понудувачот.
Почетната цена по хектар се утврдува во зависност од местоположбата и од катастарската класа на парцелата и изнесува од 5 до 25 евра.
Образецот за учество на јавниот оглас, може да се подигне во Министерството за земјоделство, подрачните единици и од веб страната на Министерството.
Понудите се доставуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници.
Понудите се поднесуваат до Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија до 29 септември 2015 година.
Ново на Сител
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
-

МВР: Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
