Македонија
17. October 2016 - 16:56

Официјално: Собранието се распушти - одиме на избори на 11 декември

Пратениците и официјално си ставија крај на овој мандат. Со гласовите на власта и опозицијата создадени се сите услови за избори на 11 декември. Последната седница помина без посериозна дебата. Се очекува Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изборите и официјално да ги распише во текот на вечерта или утрешниот ден.