Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на демаркацијата
Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на договорот за демаркација на косовско-црногорската граница,вечерва од страна на косовскиот Парламент, оценувајќи го како голем чекор за слободно движење на косовските граѓани.
Шефот на албанската држава, Илир Мета во официјалната реакција денешното гласање го оцени како „исполнување на желбата на граѓаните на Косово за слободно движење и реализација на нивните аспирации за интеграција во ЕУ“.
- Честитки до Собранието на Косово за усвојувањето на договорот за демаркација со Црна Гора и честитки до сите граѓани на Косово во исполнувањето на нивната желба слободно да се движат и за исполнување на нивните аспирации за интеграција во Европската унија, оценува Мета.
Премиерот Еди Рама го честиташе усвојувањето на демаркацијата и и порача на ЕУ да го одржи ветувањето косовските граѓани да се движат без визи.
На својот профил на Фејсбук Рама напиша дека денешното гласање е голем успех иако „тоа требало да се случи многу порано“.
И лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша го поздрави усвојувањето на демаркацијата оценувајќи го како основен акт за добри меѓусоседски односи и стабилност во регионот. Неговата партија, нагласи тој, силно верува дека ова е сигурен чекор на Косово кон интегративните процеси.
- Ова е една добра вест за Косово и неговите пријатели, изјави Баша.
За шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, изгласувањето на демаркацијата е значаен чекор напред во решавањето на меѓуграничните недоразбирања и дава можост на ЕУ што побрзо да донесе визна либерализација за косовските граѓани, како и да ја зајакне позитивната клима на соработка во надминувањето на недоразбирањето меѓу соседите.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија