Официјална Атина ги негира тврдењата дека Грција побарала помош од Русија за печатење драхми
Грчки владин извор ги негираше тврдењата во неодамна објавената книга за францускиот претседател Франсоа Оланд, според кого, грчкиот премиер Алексис Ципрас наводно побарал од рускиот претседател Владимир Путин помош за печатење грчка валута.
Во изјава за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, изворот рекол дека во тоа време имало контакти меѓу двете држави, „но Ципрас во ниеден момент не го поставил тоа прашање“. Напротив, двајцата државници се согласиле дека единствениот вистински пат за Грција е да остане во еврозоната.
Во книгата „Претседателот не треба да го каже тоа“, која содржи интервјуа со Оланд со двајца новинари од „Ле Монд“, францускиот претседател се цитира дека имал телефонски разговор со Путин кој наводно му рекол дека Грција побарала да се печатат драхми во Русија затоа што тие веќе немаат машина за печатење.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника