ОЕЦД: Рекорден број азиланти поради бегалскиот бран од Сирија
Бегалската криза предизвикана од војната во Сирија глобално го зголеми бројот на азиланти на рекордно ниво, објави денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Организацијата, која е составена од 35 земји членики, во својот годишен извештај за меѓународните миграции наведува дека минатата година биле регистрирани 1,65 милиони азиланти.
- Ова е историски момент. Кога ќе ја погледнеме 2016 година, забележуваме зголемен број на азиланти, дури и ако е намален мигрантскиот прилив, изјави Жан-Кристоф Димон, претседател на Одделот за меѓународни миграции при ОЕЦД.
Секој четврти азилант во текот на минатата година пристигнал од Сирија, додека околу 16 отсто се Авганистанци.
Три четвртини од нив бараат азил во Европа, а поголем дел од тој процент поднеле барање во Германија, се додава во извештајот, кој се повикува на податоци од агенцијата за миграција при ОН.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден