-->
-->
Одржано државно првенство за пингпонгари до 12г
-->
После речиси едномесечен прекин во СЦ Борис Трајковски, А1 арена, повторно продолжија натпреварите во пинг понг. Честа да го најават продолжувањето на натпреварите ја имаа најмладите, играчите помлади од 12 година во катекоријата У 12.
За прв пат во Македонија се организираше Државно првенство во пинг понг за оваа категорија на играчи. Со скромен број на натпреварувачи вкушно 23 во конкуренција на момчиња и девојчиња започнува една нова традиција во македонскиот пинг понг традиција за која од пинг понгарската федерација се надеваат дека ќе испише нови страници во пинг понгот.
Како први државни прваци на Македонија во конкуренција на млади кадети ќе бидат запишани Љупчо Треновски од ППК Зегин Берово и Фани Јовановска од ППК Крушево.
Треновски во финалето беше подобар од клубскиот соиграч Кристијан Каламадевски, додека бронзата кај момчињата ја освоија Леонид Гидалов и Георгиј Стојаноски од ППК Студент.
Кај девојчињата Јованоска беше подобра од Матеја Смолиќ од ППК Рисови, додека на третото место се пласираа Сара Ризовска и Моника Стајковска од ППК Зегин Берово.
Државното првенство покажа дека ППК Зегин Берово во моментот е најголемиот расадник на млади пинг понгарски таленти. Уѓте поголема тежина на нивниот успех додва и фактот дека клубот е формиран пред само две години.
Најмладите утре продолжуваат си натпреварите, на програмата се ТОП 8 турнирите на кои учествуваат најдобрите осум на ранг листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд