Спорт плус
3. July 2017 - 14:08

Одржана првата од серијата трки на плажа 2017

Со трката крај Вардар во Скопје, започна серијата трки на плажа, Beach Run 2017.
 
Во првата од петте трки на 5 км најдобри беа Адријана Поп Арсова, Марго Бојаџиева и Весна Кираџиева кај девојките, додека во машка конкуренција најдобрите тројца на победничкиот подиум се Муџахид Мислимоски, Кокан Ајановски и Игор Јакимовски.
 
Во екипна конкуренција, најдобри беа тимовите на NRC - Nike + Run Club кај девојките и MC Running Team кај машките.
 
Следниот викенд, во недела на 9 јули, продолжува летната лига во трчање на плажа, а овој пат карванот се сели во Претор, на брегот на Преспанското Езеро.
 
Пријавувањето за учество на трките е отворено и секој кој сака да учествува на една или сите останати трки од серијата, може да се пријави на веб страната www.prvdovrv.mk.
 
Летната серија трки на плажа се одржува во текот на јули во Скопје, Претор, Дојран, Маврово и Охрид, а  на крајот од серијата, покрај победниците на секоја од трките, ќе бидат прогласени и победниците во вкупен пласман.
 
Beach Run 2017 е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, во соработка со локалните самоуправи и со поддршка на деловната заедница.