Одржан третиот Отворен ден во Општина Центар

Градежното уредување, отпадот, паркинзите, проблемот со комуналните работи, гласната музика и бучава, беа главните работи кои граѓаните му ги предочија на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, на третиот Отворен ден.
– Заедно со општинската администрација и раководителите на секторите во општината, градоначалникот Богдановиќ и граѓаните речиси четири часа разговараа и бараа начин за решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на Општина Центар, соопштуваат од прес-службата на општината.
Отворениот ден и средбите со граѓаните ќе продолжат и наредниот вторник, а сите заинтересирани граѓани кои сакаат да остварат средба со градоначалникот, ќе можат да се пријават на телефонските броеви 02/3203 – 602, 02/3203 – 600, електронски на info@centar.gov.mk и лично, на пријавницата во Општина Центар, барака бр.4.
Ново на Сител
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
