Одржан стручен состанок за превенција од појава на болеста Чума кај малите преживари
Координирана акција во однос на воспоставување на мерки за спречување на појава и ширење на болеста Чума кај малите преживари, размена на информации и планирање на активностите преку интерактивно поврзување на сите чинители, почнувајќи од примарните производители, ветеринарните друштва, науката и институциите на системот, се клуч за успешна превенција и заштита од појава на оваа, за овците и козите исклучително опасна заразна болест. Иако луѓето директно не ги погодува, Чумата кај малите преживари е вирусно заболување кое може да донесе огромни економски загуби и за сточарите и за државата. Пред нас како институции и пред вас како стручна фела која е секојдневно на терен, сега е исправен предизвикот, организирано и координирано навреме да ги преземеме потребните мерки за да ја спречиме појавата на оваа болест кај овците и козите која е веќе присутна и во соседството и во регионот.” Ова, од денешниот стручен состанок посветен на превенција на болеста Чума кај малите преживари кој се одржа на Факултетот за ветеринарна медицина во соработка со Ветеринарната комора го порача директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, истакнувајќи дека мора да континуирано да се работи на подобрување и унапредување на системот за рана детекција на болеста во земјава, ангажирајќи ги сите чинители - институциите, науката, ветеринарните друштва, бизнис заедницата и невладиниот сектор.
-Сега кога преземаме конкретни, итни мерки за да се заштитиме од појава на болеста во нашата земја, предизвик за сите нас e навреме да реагираме, бидејќи статусот кој сега го имаме – слободнa земја од болеста Чума кај малите преживари, е исклучително важен за државава, за нашата економија која, во еден дел почива на извозот на јагниња како еден од стратешките извозни производи, но и на месо, млеко, волна кожа и други производи. Одржани се состаноци со првите луѓе на министерствата за одбрана и за локална самоуправа, во комуникација сме и со градоначалниците во однос на преземањето на превентивните мерки за заштита од појава на болеста и спречување на нејзино ширење – рече Миланов во обраќањето.
Како стручна фела и вие сте исклучително важна алка во системот за заштита, заедно со одгледувачите и институциите, порача Миланов на ветеринарните друштва учесници на состанокот, изразувајќи благодарност и до Факултетот за ветеринарна медицина и до Ветеринарната комора за досегашната исклучително професионална соработка со Агенцијата.
-Верувам дека заедно ќе одговориме и на овој предизвик организирано да се справиме со сериозната закана од оваа болест за која нема лек, а употребата на постоечката вакцина носи голем број рестрикции за државата и овчарството и козарството, кои само ќе ја уназадат нашата економија и извозот – истакна директорот.
Не сме прв пат исправени пред ваков, навистина сериозен предизвик, но, како што рече извршниот директор на Ветеринарната комора Томислав Николовски, како струка сме подготвени соодветно да одговориме во соработка со Агенцијата и Факултетот за ветеринарна медицина. Оваа болест, како и многу други, за нас, истакна тој, од литературата познати како тропски и присутни во земји и региони многу далеку од нас стануваат и наша реалност. Сега се многу блиску до нас, во нашето соседство и мора да делуваме за да ја спречиме појавата и ширењето и кај нас – потенцира Николовски
И деканот на Факултетот за ветеринарна медицина Дејан Јанкуловски ја потврди подготвеноста на науката да се справи со предизвикот во однос на спроведувањето на лабораториските тестирања за рана и брза детекција на болеста.
-Ова е вистинскиот начин како превентивно се постапува и затоа верувам дека и со овој здравствен предизвик заедно успешно ќе се справиме – порача Јанкуловски.
Кирил Крстевски и Игор Џаџовски професори од Факултетот за ветеринарна медицина, ги објаснија потеклото и ширењето на болеста, симптомите, начините на пренесување, ставајќи акцент на обврските кои во процесот на рана детекција треба да ги спроведат ветеринарните друштва, со акцент особено внимание да се преземе при земањето на мостри за лабораториско испитување за рана детекција на болеста, нивното пакување и транспорт до лабораториите.
Вања Кондратенко, раководител на Секторот за здравствена заштита на благосостојба на животните при АХВ се осврна на карактеристиките на болеста и националната правна рамка која го уредува постапувањето во случај на евентуална појава на болеста. Тој посочи дека во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина во подготовка е програма за рана детекција на болеста, а се врши и ревидирање на Планот за итни мерки и оперативниот прирачник за постапување во случај на појава на болеста Чума кај малите преживари кој во најбрзо време ќе биде дистрибуиран и до ветеринарните друштва.
Ново на Сител
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите