Одрони на патот Делчево – Пехчево
Обилниот дожд кој го зафати Пијанечко-малешевскиот регион создаде проблеми при одвивање на сообраќајот на патниот правец Делчево – Пехчево – Берово. Одрони има кај патот што поминува покрај селото Тработивиште, кај месноста Рибник Желевица, а забележливи се и наноси долж патот кој води кон Пехчево.
Како што јавува дописникот на МИА, во близина на опожарените места покрај патот каде се врши сеча има наноси од земја и дрвна маса, што дополнително го отежнува движењето на возилата.
Од ЈП „Македонија пат“ апелираат брзината на движење да се приспособи на условите на патот и да се почитува сообраќајната сигнализација. Потврдуваат и дека поради врнежите, ситни одрони се забележливи и на патот Делчево – Македонска Каменица, но тие, како и на патниот правец Делчево – Пехчево – Берово, редовно се чистат од страна на екипи на претпријатието.
Поради дождот, сообраќајот во Пијанечко-малешевскиот регион се одвива по влажни коловози.
Ново на Сител
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари