Ракомет
2. September 2017 - 15:25

Одредени термините за натпреварите на ЖРК Вардар во Лигата на шампионките

 
 
 Од редовите на македонскиот шампион и европски вицепрвак ЖРК Вардар ги потврдија термините за одигрување на натпреварите во новата сезона во Лигата на шампионите.
 
Вардарки сезоната ќе ја започнат домашен терен проти ФТЦ Будимпешта на 6 октомври. 
 
Во првата групна фаза која ќе се игра до средината на ноември, покрај унгарската екипа противници на ЖРК Вардар ќе бидат и норвешки Ларвик, како и најдобрата екипа од квалификациите во кои ќе играат Турингер (Германија), Атлетико (Шпанија), Хоор (Шведска) и Хипо (Австрија).
 
Со оглед на тоа дека сеуште не е позната последната екипа, затоа не е одреден ниту терминот за одигрување на тие две средби кои според календарот се предводени за 13-15 октомври, односно 17 ноември. 
 
Распоред и сатница на натпреварита на ЖРК Вардар во Лигата на шампионките:
 
1. коло, 6 октомври 2017
Вардар - ФТЦ Будимпешта (19 часот)
 
2. коло, 13/15 октомври
Квалификант - Вардар
 
3. коло, 21 октомври
Ларвик - Вардар (17 ч.)
 
4. коло, 4 ноември
Вардар - Ларвик (17 ч.)
 
5. коло, 11 ноември
ФТЦ Будимпешта - Вардар (15 ч.)
 
6. коло, 17 ноември
Вардар - Квалификант (19 ч.)
 
Пласман во следната рунда, главна фаза по групи ќе обезбедат три клуба кои преку главната фаза ќе се борат за пласман во четвртфиналето.