Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобрил обвинението за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, информираше утрово судот преку својот веб портал.
- Со оглед дека станува збор за обвинителен акт во кој што има 37 обвинети лица кои што имаат 33 бранители, беше исклучително тешко да се достави обвинителниот акт до сите нив, особено од причина што на голем дел од нив мерките притвор беа заменети, па во моментот на достава Претседателот на советот за оцена имаше потешкотии да може да утврди кој обвинет каква мерка има и каде се наоѓа за да може да се изврши доставата, информираат од судот.
Во ноќта помеѓу 16 и 17 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна пожар во кој загинаа 62 лица, а стотици беа повредени.
Ново на Сител
-
Обвинетите за пожарот на Вардариште признаа вина
-
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
-
30 години од атентатот врз Глигоров
-
Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја | ФОТО
-
Разрешен судијата Беџети
-
Авантура со Defender, дестинација Козјак
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на „Скопскиот маратон 2025“
-
Протести во Мароко: Младинскиот колектив „ГенЗ 212“ бара оставка од владата