Одобрен лов на диви свињи како превентива против „африканска чума“

Поради опасност од болеста „африканска чума“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво (МЗШВ) донесе Решение со кое се одобрува отстрел на дивите свињи во земјава.
Како што соопшти ресорниот министер Трајан Димковски, со оваа превентивна мерка почнува и ловната сезона, 60 дена пред рокот утврден со закон.
– Целта е да се намали бројот на диви свињи со што би се минимизирале шансите за појава и ширење на болеста која е веќе присутна во Бугарија, рече Димковски.
Информира и дека МЗШВ до Владата ќе предложи усвојување и други мерки, како забрана за населување на дивата свиња во ловиштата согласно развојните програми, но и забрана за нејзино зимско прихранување.
– Апелираме до сите концесионери и ловци крајно сериозно да ја сфатат опасноста од оваа болест и да се приклучат во реализирање на превентивните мерки за заштита, порача претседателот на Ловечката федерација Влатко Алексовски.
Според проценките, во земјава има околу 8.000 диви свињи, рамномерно распространети на целата територија. Последниве 20 години бројот на единки е удвоен. Со дозволеното заловување, нема да се оди на биолошки минимум зашто дивите свињи, како што беше речено на прес-конференцијата, се добро од општ интерес како и останатите видови дивеч.

Се уште не е дефинирано како ќе се реализира организираниот отстрел од страна на ловечките друштва, но веројатно најпрво ќе се почне од граничните појаси со Србија и Бугарија.
Ново на Сител
-

Продолжува судeњето за „Пулс“ - родителите на загинатите дојдоа со транспарент пред судницата
-

Адем Чучуљ ја превзема претседателската функција во ДКСК, ќе работи на враќање на интегритетот на институцијата
-

На посебна веб страна ќе се следи реализацијата на проектите на општините финансирани од Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако Заев и Филипче му го отпишаа кусокот
-

Злоупотреби на партиите за време на изборите
-

Саем за кариера во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
