Одобрен е производот Vigorix intense, не е лек
Производот Vigorix intense, 30 капсули, произведен од „Herba Medica d.o.o Preserska cesta 5, 1235 Radomlje, Словенија”, увезен и ставен на пазарот во Р. Македонија од страна на операторот со храна „Бионика Фармацеутикалс“, доо ул. Скупи бр.15, 1000 Скопје” е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство како додаток на исхрана со Мислење бр. 18-5274/2 од 28.07.2015.
– Производот е одобрен по утврдување на усогласеноста на приложената документација за производот со националните прописи кои се однесуваат за оваа група на производи и документите – Известување од Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје и Стручното мислење од страна на Институтот за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија при Медицинскиот факултет од Скопје дека производот не е лек, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-
Неделава променливо облачно и нестабилно време
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Голема полициска акција: Мрежа од 50 лица со лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
-
83 годишен затвореник почина во затворот во Штип
-
Кривична за екс-директор на НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид, ја оштетил установата за 151.290 денари
-
Приведен велешанец баран со потерница, на друго лице му нанел тешка телесна повреда од која лицето починало