Одмаздата на Москва: Русија ќе протера 35 американски дипломати
Русија ќе протера 35 дипломати како одговор на вчерашната одлука на американскиот претседател Барак Обама да протера 35 руски дипломати од САД. Тоа го нагласи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјава за медиуми.
- Не може таква акција да не остане без одговор. Реципрочноста е основа во дипломатијата и меѓународните односи, изјави Лавров.
Според него, 31 дипломат од Москва и Санкт Петербург ќе бидат прогласени за персона-нон-грата. Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да ја потпише одлуката.
САД вчера како одговор на наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД воведоа остри санкции спрема Москва меѓу кои и протерување 35 руски дипломати и затворање два објекта.
– Наредив преземање повеќе акции како одговор на агресивното заплашување на руската влада кон американски лица и кибер операции чија цел биле американските избори, нагласи американскиот претседател Барак Обама.
Тие акции како што наведе не се целиот одговор на САД за „агресивните активности на Русија“.
– Ќе продолжиме да преземаме различни акции во време и место кое ќе го избереме, а дел од нив нема да бидат објавени, додаде тој. На руските дипломати им е дадено 72 часа да ги напушптат САД.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево