Одлучил да му испрати честитка на својот татко во рајот, а одговорот кој го добил ќе ви го стопи срцето
7-годишниот Џејс пред четири години го изгубил својот татко во сообраќајна несреќа. Тој и неговата сестра се трудат да го зачуваат споменот за него секој ден, а оваа година се одлучиле да му испратат роденденска честитка.
Малечкиот Џејс на ковертот напишал: “Господине поштару, можете ли да го доставите ова до мојот татко во рајот за неговиот роденден? Ви благодарам”.
Набрзо следел и одговор од поштата, кој неговата мајка го сподедила на Фејсбук.
“Драг Џејс, додека ја доставувавме честитката, наидовме на некои проблеми. Сакаме да ја искористиме оваа прилика да ти кажеме дека успешно го доставивме писмото до твојот татко. Беше тешко бидејќи на патот до рајот моравме да избегнуваме ѕвезди и други објекти во галаксијата”, напишале тие.
“Биди сигурен дека ова важно писмо е испорачано. Нашиот приоритет е сигурно да ја доставуваме поштата на нашите корисници. Знам дека ова писмо ти е важно, ќе продолжиме да ги доставуваме твоите писма до рајот”, стои во одговорот кој го потпишал Шон Милиган, вработен во британската пошта.
Тери Копленд, мајката на детето, вели дека е неизмерно благодарна на оваа идеја.
“Не можам да опишам колку му значи тоа што неговиот татко ја добил честитката. Ја вративте мојата верба во луѓето и хуманоста. Неизмерно сме ви благодарни”, напишала Тери.
Нејзината објава станала вистински хит на социјалните мрежи, а истата е споделена повеќе од 250 илјади пати.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила