Одложено судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица
Судењето за уривањето на полицискиот хеликоптер пред повеќе од пет години во близина на Струмица, кое требаше да почне денеска, е одложено за идниот месец, информираше потпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, која и ќе го суди ова дело.
– На барање на адвокатот на еден од обвинитетите поради негово отсуство од земјава одложено е судењето и истото ќе почне на 21, со рочишта на 22 и 24 октомври. Поради немање услови за почеток на судењето тоа е одложено, рече судијката Каламерникова.
По завршувањето на истрагата, ОЈО Струмица поднесе обвиненија против ЈП „Македонска радиодифузија“, тогашната директорка на претпријатието и раководител на сектор на зедничка техника во тоа време. Тие се товарат за „тешки дела против општата сигурност“.
Во хеликоптерот произведен 2008 година на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-
Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции