Одложено судењето на двајцата насилници од Штип
Посебните мерки против ширењето на коронавирусот го одложи судскиот процес против двајцата штипјани кои во јануари навредуваа и тепаа девојка во влез на станбена зграда. Насилството го снимаа на мобилен телефон, а на социјалните мрежи беше објавено на 2 април, по што полицијата брзо ги лоцираше, а судот во два наврати им одреди мерка притвор.
На барање на бранителот Валентин Зафиров да оствари контакт со својот клиент за да направи стратегија за судењето, јавниот обвинител се согласил, а судот прифатил ова право да биде искористено, при што судскиот процес да се одложи за 28 април.
Зафиров појасни дека веќе утре ќе се обиде да оствари средба во кумановскиот затвор со својот клиент, но и со другото момче, кое од денеска е ангажиран да биде и негов бранител пред судот. Нагласи дека одложувањето не е заради одолговлекување на судскиот процес, туку заради правото на одбрана и фер судење.
Двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години утринава во Основниот суд во Штип беа донесени со комбе од истражниот Затвор во Куманово. Пред да почне судскиот процес адвокатот Зафиров истакна дека притисок чувствува од јавноста, но верува во непристрасност на судијата и носење на одлуки согласно законите.
Момчињата се обвинети за сторено кривично дело „ Насилство“, за што казната која може да им биде изречена се движи од шест месеци до пет години.
Жртвата во овој случај 21 годишната девојка од Штип изминатиот период доби поддршка од тимовите на Центарот за социјални работи-Штип и НВО „ЕХО“.
Ново на Сител
-
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
-
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
-
Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
-
Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица | ВИДЕО
-
Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
-
Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух
-
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија
-
Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан