Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје - плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по породувањето во Болницата во Струга и биле остранети три органи, за што на обвинителка клупа седнаа тројца лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.
Причина за одлагањето, како што истакна судечкиот судија Јордан Јованов, е отсуството на бранителот на првообвинетите во трите предмети, за што Судот одлучи да биде казнет парично со по 1.000 евра од предмет, односно вкупно 3.000 евра.
- Бранителот на првообвинетите побара одлагање повикувајќи се на истиот предмет за кој што бараше одлагање и на 7 ноември. Тоа значи дека во времето кога е добиена новата покана бранителот веќе знаел дека има закажано овдека и други рочишта, меѓутоа ги одлага сите овие рочишта заради тоа едно кое што е во ОЈО Битола, изјави Јованов.
Тој посочи дека не е преземена никаква реакција за еднаш тоа судење или сослушување да се одложи иако се знае дека во Судот во Струа има услови за одржување на рочиштата, за кои континуирано се бара одлагања.
- Изречена му е парична казна во висина од 1.000 евра, предвидена во Законот за кривична постапка заради злоупотреба на права што им припаѓаат на странките и таква санкција е изречена за секој предмет посебно, појасни Јованов.
За случајот со Веапоска, покрај паричната казна, поради повеќекратни одлагања, судот донесе решение да биде определен нов бранител, кој ќе ги застапува интересите на обвинетите.
- На ваков начин нема да се пролонгира судскиот процес. Во случај на неможност да дојдат било кој од бранителите на обвинетите тој може да ги застапува, бидејќи ќе се запознае со списите на целиот предмет и ќе може да ги брани интересите на кои било од нив, истакна Јованов, нагласувајќи дека досегашниот адвокат нема да биде повикуван од судот на рочишта, но не ја изостава можноста странката да го повика.
Тој останува на ставот за минимално одлагање на рочиштата со цел брзо завршување на постапката.
Доколку случајот, кој застарува во август идната година, нема завршница до крајот на месецот, оштетената Веапоска најави протести во нејзиниот роден град Дебар, пред Струшкиот суд и пред Кривичниот суд во Скопје.
- Јас барам правда за мене и да нема друга жена оштетена како мене. Докторите да одговараат за своите грешки и да нема чекање за судски одлуки, истакна Веапоска.
Судскиот процес за случајот со родилката од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети, јајник, матка и бубрег, ќе продолжи в среда, со презентација на извештајот од супервештачењето.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ исклучи од партијата советник од Општина Карпош кој гласал спротивно на партиските одлуки
-

Поради силен ветер два авиони пренасочени од Скопје во Приштина
-

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
