-->
-->
Одложени Голачките фолклорни средби
-->

Одложена третата фестивалска вечер од традиционалните „Голачки фолклорни средби“ кои традиционално, ноќта спроти верскиот пазник Свети Пантелеј, се одржуваат на Голак покрај манастирот посветен на овој светец, во рамките на народно-црковниот собор на Голак.
Директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, Љупчо Петровски, на денешната прес-конференција истакна дека трагичните настани во Скопје и прогласениот ден на жалоста во државава, е причината за одложување на настапите на 13 фолклорни друштва од земјава и од странство.
-Ја користам оваа прилика да изразам сочуство до семејствата на загинатите во поплавите во Скопје. Денов денеска е тажен во Македонија и затоа сакам да ги информирам нашите сограѓани дека настапите на сцената на отворено на Голак ќе бидат одложени. Покрај настапите на фолклорните групи од земјава и странство, вечерва на Голак требаше да има концерт и Благица Павловска и етно групата „Табиет“. Ние на сите им се извинуваме и се надеваме дека во друга прилика делчевци ќе имаат можност да ги проследат нивните настапи, рече Петровски.
„Голачките фолклорни средби“ годинава се одржуваат по 22 пат. Започнаа во саботата со концерти во Делчево на гостите од Хрватска, Босна, Србија, Бугарија и со концертот на фолклорната група при НУКЦ „Н. Ј Вапцаров“. За утре е најавен настап на груупите од странство во М. Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
