Одложена посетата на шефицата на бугарската дипломатија Генчовска на Скопје

Посетата на министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска на Скопје која беше најавена за утре, е одложена.
Како што информираат од македонското МНР, посетата се одлага поради учеството на министерката Генчовска и на министерот Бујар Османи на состаноци во рамките на ЕУ и особено претсојниот вонреден состанок на НАТО.
Во рамките на престојот во Брисел, министрите Османи и Генчовска остварија и билатерална средба на маргините, наведуваат од МНР.
Шефовите на дипломатиите на двете земји вчера во Брисел присуствуваа на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија што се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. Работниот појадок беше организиран под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, а беше посветен на европското досие на Северна Македонија.
Министерот Османи, минатата недела на средба со новинарите ја најави посетата на неговата колешка Генчовска на 23 и 24 март во Скопје и продолжувањето на разговорите со Бугарија за отворените политички прашања.
Османи тогаш потенцира дека се уште постојат разлики, меѓутоа се обидуваат да дојдат до решенија прифатливи за двете страни, како и дека ние сме апсолутно усогласени во ставовите и во позициите согласно резолуцијата на Собранието.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
