Одложен изборот на порота во случајот на поранешниот полицаец во Минеаполис
Американски судија го одложи изборот на порота во случајот на поранешниот полицаец во Минеаполис, обвинет за убиството на Џорџ Флојд, во мај минатата година.
До одложувањето дојде затоа што судијата чекаше одлука од Апелацискиот суд за тоа дали може да се додаде ново обвинение за убиство.
Додека стотици демонстранти се собраа пред судницата да побараат пресуда за Дерек Шовин, судијата Питер Кејхил рече дека нема надлежност да одлучува дали треба да се повлече обвинението за убиство од трет степен.
Тој исто така рече дека аргументите на обвинителите дека тоа ќе влијае на целиот случај се „послаби“.
Кејхил планираше да го продолжи судењето и првично донесе одлука изборот на поротата да започне според предвиденото. Но, откако обвинителите поднесоа предлог до Апелацискиот суд да го запре случајот, судијата ги испрати дома потенцијалните поротници на еден ден.
Дерек Шовин се соочува со обвиненија за убиство затоа што повеќе од седум минути клечеше на вратот на Флојд, објави Би-Би-Си.
Шовин е обвинет за ненамерно убиство и убиство од втор степен Максималната казна со која се соочува е 40 години затвор.
Ново на Сител
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче