Фудбал
16. August 2017 - 9:27

Одиграни првите средби од плејофот во Лигата на шампионите

 
Во фудбалската Лига на шампиони синоќа беа одиграни првите шест меча од разигрувањето (плејофот) за влез во групната фаза.
 
Гостински победи забележаа ЦСКА Москва кај Јанг Бојс со 1:0 и Ливерпул кој во Германија го совлада Хофенбхајм со 2:1.
Предноста пак на домашниот терен ја искористија, АПОЕЛ кој со 2:0 ја совлада Славија Прага 2:0 и Карабах против Копенхаген 1:0, додека мечот Спортинг - СБ заврши без победник и без голови 0:0,
 
Реванш дуелите се играат на 23.август.
 
Денеска ќе се играат уште пет натпревари :
Наполи - Ница,
Хаполе Бер Шева - Марибор,
Олимпијакос - Ријека,
Башакшехир - Севиља и 
Селтик - Астана.