Одгатнат бројот 666
Професорот Ким Хејн-Јуцен од њујоршкиот Корнел Универзитет тврди дека го дешифрирал бројот 666, што многумина го сметаат за бројот на антихристот.
Во последната книга на Новиот завет – „Откровението на Јован”, сатаната именуван како 666 е опишан како голем црвен змеј со седум глави, опашка и десет рогови. Откако му објавил војна на архангел Михаил и другите ангели, чудовиштето е победено, оковано и фрлено во бездна, каде што треба „да гние со векови“.
Хејн-Јуцен, професор по древни средоземноморски религии смета дека тоа не било змеј, туку реална историска личност.
Според него, бројот 666 е криптирано име на римскиот император Нерон. Тој владетел бил свиреп деспот, убиец, развратник и лажливец. Неговиот историски морален профил е многу сличен на самата сатана. 3атоа и не е тешко да се верува во оваа теорија, смета истражувачот.
Во интервју на документарната серија на Нетфликс, „Историјата на Бога”, професорот објаснува дека 666 е еврејски еквивалент на – Nero Caesar (царот Нерон), кој владеел во 1. век н.е., непосредно по смртта на Исус. Според правилата на хебрејскиот јазик, буквите во неговото име, погледнати како броеви, имаат збир 666 – бројот на антихристот.
Според одломка од стих, откриена во египетскиот древен град Оксириња, бројот на антихристот е 616. Во латинскиот јазик латински, името на Нерон Цезар е еквивалентно на 616, запишан со латински цифри.
Ново на Сител
-
Русија со балистичка ракета ја нападна Одеса
-
Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
-
Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија
-
Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања
-
Захарова: Европските лидери што го поддржуваат Киев се „мутирани џуџиња“
-
Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија