Спорт плус
3. December 2021 - 19:49

Одермат најбрз во Бивер Крик

Швајцарецот Марко Одермат постигна редок успех во светскиот куп во Алпско скјање откако успеа да оствари две последователни победи во супервелеслаломот за Светскиот куп со што е трет скијач од алпската држава кој постигнал ваков резултат. 
Одермат славеше во Бивер Крик  откако претходно победи во Австрија. Второто место му припадна на олимпискиот шампион Матијас мајер додека трет беше Томпсон од Канада.