-->
-->
Oдѕивот за гласање и натаму е најмал во Желино
-->
Општина Желино, каде што има 23.926 лица на избирачкиот список, бележи најмала излезност од сите тетовски општини во сите досегашни часови на евиденција на одѕивот на гласачи. До 15 часот таму гласале 17,58 отсто од граѓаните.
Општина Тетово до 15 часот и понатаму има најголема излезност – 26,03 отсто од 84.454 гласачи на 117 избирачки места. Следуваат Јегуновце со 25,21 отсто и Теарце со 23,77 отсто.
Општина Брвеница бележи 20,98 отсто одѕив на гласачите, додека Боговиње 20,74 проценти.
На претседателските избори во 2019 година излезноста во 15 часот, исто така, била најмала во општина Желино, каде тогаш гласале само 10,06 отсто од граѓаните во избирачкиот список.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста