Одделението за офталмологија при Клиничката болница-Штип доби донација од САД
Окуларни леќи, сетови со инструменти и софистициран апарат за визуелизација на проментите кај пациентите доби Одделението за офталмологија при Клиничката болница во Штип. Станува збор за нова донација од САД вредна 30.000 долари.
- Најглавната донација што ја добивме е дигитален био микроскоп, кој веднаш е ставен во функција и на располагање на нашите пациенти, истакна денеска на прес-конференција началникот на Одделението за офталмологија, Страхил Газепов.
Офалмологот од САД, Марк Д. Михлин рече дека во текот на наредниот период ќе ги оперираат пациентите заедно со штипските офталмолози кои ќе ги обучуваат како да се користи новата опрема.
- Главната цел ми е да им помогнам на персоналот, на колегите кои што се тука да научат нов пристап и нови техники при операцијата на катаракта, истакна Михлин.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Александар Стојановски истакна дека наскоро се очекува да пристигне и лекар кој ќе работи на пластика на окото. Појасни дека овие операции се новина за офталомолозите од таа јавна здравствена установа.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Безидејноста на опозицијата не се покрива со црна кампања
-
Филипче: Власта потфрли на сите полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле