-->
-->
Одбојкарките на Јанта Волеј ја освоија шампионската титула
-->
Екипата на Јанта волеј ја комплетираше сезоната во македонската женска одбојка со двојна круна, откако по триумфот во националниот куп, вечерва ја освои и шампионската титула, совладувајќи го во супер интересна мајсторка од финалната серија тимот на Вардар жени 2019 на гости со 3:2 (22:25, 26:24, 14:25, 26:24, 15:11).
„Црвено-црните“ водеа двапати, но ривалките израмнуваа, а во решавачкиот петти сет не дозволија вардарки да поведат ниту еднаш. Клучно беше тоа што составот на Јанта волеj во тој сегмент не направи ниту една грешка, а на своја страна ја имаше извонредната Украинка Валерија Собол која беше сигурна во одлучувачките моменти.
За екипата на Јанта волеј ова е трет шампионски пехар во клупската историја, по титулите во 2017 и 2019 година, а сезонава претходно триумфираа и во Македонскиот куп, совладувајќи ги одбојкарките на Вардар во финалето во Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови