-->
-->
Одбојкарите ги добија противниците во Европската лига
-->

Репрезентациите на Бугарија, Данска и Албанија се противниците на најдобрите македонски одбојкари во новото издание на Европската лига.
Македонските одбојкари кои лани играа во финалето на ова натпреварување и годинава ќе атакуваа на завршниот „Фајна-фор’’ турнир кој ќе се одржи од 29 јуни до 3 јули 2016.
Квалификациите ќе се играат кон средината на јуни и тоа на два турнири. Првиот во Бугарија ќе се игра од 10 до 12 јуни, а една недела подоцна, од 17 до 19 јуни, домаќин на истите репрезентации ќе биде Македонија.
Во групата Б, извлечени се селекциите на Естонија, Белорусија, Австрија и Луксембург.
Двете првопласирани пласирани селекции од групите, ќе се пласираат на завршниот турнир, чиј домаќин Европската одбојкарска федерација се уште не го одредила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
