Одбелжан денот на рударите во РЕК Битола и во РЕК Осломеј
Во рудникот Суводол на РЕК „Битола“ денеска беше одбележан 28 август - Денот на Македонските рудари. На свеченоста, покрај менаџерскиот тим на РЕК „Битола“ и вработените на Комбинатот, присуствуваа и претставници на УО на АД ЕЛЕМ Скопје, предводени од генералниот директор Дејан Бошковски.
Во своето обраќање, директорот на РЕК „Битола“ Јовко Крстевски, како што соопшти АД ЕЛЕМ, го истакнал значењето на работата на рударите во крајните производни резултати на РЕК „Битола“, додека директорот на рудниците во РЕК„Битола“ Зоран Богдановски се осврнал на постигнатите резултати на оваа производна единица во периодот помеѓу двата празници.
На присутните им се обратил и генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски, кој акцент во своето стави на инвестициите на компанијата во РЕК„Битола“ насочени кон зајакнување на неговите капацитети и продолжување на неговиот век на работење..
Тој истакнал дека во изминатиот период превземени се серија на теренски истраги околу резервите на јаглен во околината на РЕК„Битола“, кај Брод – Гнеотино, а во тек се и подготвителни активности за јагленовите лежишта Живојно и Мариово. За проектот Живојно во тек е изработка на главен рударски проект и негова ревизија, додека во однос на Мариово во тек е изработка на физибилити студија околу начините на транспорт на јагленот од тоа лежиште до РЕК„Битола“
Бошковски нагласил дека во наредните две години ќе се реализира инвестицијата за набавка на рударска опрема која ќе ги засили капацитетите на рудниците во РЕК„Битола“ , за тие, со свои сили, без ангажирање на надворешни компании ќе можат во целост да ги задоволат потребите од гориво за термоелектраните.
На прославата во рудникот Суводол традиционално биле прогласени и најдобрите рудари за оваа година, како и победниците на спортските работнички игри, кои синдикалната организација ги организира во чест на Денот на рударите.
Денот на рударите беше пригодно е одбележан и во рудникот на РЕК „Осломеј“.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“